Monday, March 31, 2014

pink blazer

Денес облеков малку посериозна комбинација  меѓутоа ги задржав веселите упадливи бои...

Панталоните со висок струк пуштени надоле даваат пристојност ,  сериозност , елегантност и  пред се модерен стил  ...

Вклопени се со темно розево кратко сако , праска боја кошула и чанта во истата боја во комбинација со крем што одговара со бојата на панталоните .

Високите потпетици се незаменливи  во овој стил  како и елегантен златен накит ...

Уживајте ! :)











 




 

 

 


 

 



сако / blazer RESERVED

панталони / pants - MARKS & SPENCER

чанта / bag - BERSHKA

кошула /  shirt - H&M

наочари / sunglasses - GUESS

 

Friday, March 28, 2014

flowers&leather

 

Конечно крај на работната недела и време е да здивнеме малку ...За оваа пролетна петочна дневна  комбинација избрав црно бело сако со флорални мотиви , црни кожни панталони , златен  накит црна лакована чанта и високи потпетици во корална боја 

уживајте :)))

 

 

  

 

 



 

 

 


 


сако / blazer - H&M

панталони / pants - ZARA

потпетици / heels -  H&M

чанта / clutch -GUESS by MARCIANO

 

Thursday, March 27, 2014

neon yellow


Ги обожавам жолтите нијанси...
Како денешна комбинација ви ја нудам една од моите омилени комбинации за вечерно излегување . Во оваа комбинација се чувствувам дотерана , иако е затворен со долги ракави фустанот дава доза истовремено на разиграност поради јаките бои и доза на елеганција...
Го комбинирав со мастило сини високи потпетици и неонско жолта јака '' clutch '' чанта...
Од накитот избрав сино - жолто ланче кое одлично се вклопува во целосната слика ... 







 



 


 


 


фустан / dress - NO NAME

високи потпетици / high heels - KOTON

чанта / clutch - BERSHKA

наочари / sunglasses - RAY BAN

Sunday, March 23, 2014

pink sweater



За ова неделно попладне  ја направив својата омилена комбинација на бои циклама  розев џемпер кој паѓа на едно рамо со светло тиркизни потпетици и фармерки ... Се тоа во комбинација со кафеава чанта и таков ремен за да ги разбие јаките бои ...









 

 


 



 



 
 

Saturday, March 22, 2014


Уживајте во боите на пролетта...  :) 



 


 








 



 


 



 

Friday, March 21, 2014

urban art

За денешниот пост како почеток на пролетта избрав краток шарен поп арт - фустан  со кратка тексас светла јакна , високи потпетици кои се неутрална боја и портокалови детали:
чантичка и накит...Предноста кај оваквите фустани е големиот број на бои со кои може да комбинирате и  добиете секој пат разлчен изглед ...
Пролетното време ви овозможува секакви комбинации искористете го :)))






\